Наполи со пресврт дојде до победа против Ријека. Елмас и Велковски беа стертери на мечот, дефанзивецот го одигра целиот натпревари, а Елиф на теренот беше 60 минути.
Ријека одигра добар меч, поведе преку гол на Муриќ, а создаде доволно шанси за да постигна уште некој гол но не успеа. Наполи бавно влезе во натпреварот, но како тој одминуваше беа се подобри. Изедначија преку Деме во 43. минута, а победија со автогол на Браут во 62. минута.
Тотнем имаше многу посериозно издание отколку тоа против Андерлехт и со 3-1 го победија Лудогорец. Момците на Мурињо доминираа на теренот, создадоа многу шанси и дадоа три гола. Кејн и Лукас погодија во првото полувреме, Ло Селсо даде гол во вториот дел.
Рома со 5-0 го победи Клуж, Мајорал даде два гола, по еднаш погодија Мхитарјан, Ибанез и Педро.
Во останатите мечеви кои почнаа од 18:55 беа постигнати следниве резултати: Бенфика – Ренџерс 3:3, Хапоел Бер Шева – Леверкузен 2:4, Лех – Стандард 3:1, Омонија – Гранада 0:2, ПАОК – ПСВ 4:1, Рапид Виена – Дундалк 4:3, Сиваспор – Карабаг 2:0, Славија Прага – Ница 3:2.