Ријека на домашен
терен го пречекува составот на Наполи во рамките на третото коло од групата „Ф“
во Лига Европа, а тоа ќе биде на некој начин и „македонски дуел“ во кој учество
ќе земат Велковски и Елмас.
Во Италија
најавуваат дека Елмас ќе стартува на дуелот против Ријека, а офанзивецот се
врати на натпреварите откако запиша 20 минути во поразот на неговиот тим од
Сасуоло, по цели 34 денови поради изолација по заразата со ковид-19.
„Не бев активен
десетина дена, тренирав во домашни услови, а сега размислувам само на теренот,
сигурно дека ќе ми биде потребен период да се вратам во посакуваниот ритам, но,
подготвен сум да ги покажам своите квалитети, како и да е, млад сум и треба да
работам, останатото останува на тренерот“ рече Елмас, а потоа се надоврза на
соработката со својот тренер Џенаро Гатузо.
„Среќен сум што
работам со таков тренер, прекрасен човек, тој секогаш ми вели дека сум како
животно (се смее)“ додаде Македонецот алудирајќи на тоа дека неговиот тренер има голема доверба во неговиот потенцијал.