Алаба од медиумите дознал дека Баерн ги прекинува преговорите за нов договор

by
1 минути читање

Баерн Минхен и Давид Алаба долго време преговараа за нов договор, на раководството на клубот преку глава им дојде од барањата на фудбалерот па решија да ги прекинат преговорите.

Во медиумите имаше информација дека Алаба бара петгодишен договор со вкупна вредност од 125 милиони евра, барање кое не е прифатливо за Баерн Минхен.

Алаба сега тврди дека информациите за високата сума се лага, а тој од медиумите дознал дека Баерн се откажува од преговорите.

„Од медиумите дознав дека Баерн ги прекинува преговорите“, вели Алаба.

„За така кратко време не можев да размислам. Седум дена не ми се доволни за да одлучам, му кажав веднаш на Баерн. Имавме многу патувања, многу гостински натпревари и им кажав дека немам време да одлучам. Секогаш велев дека интерните работи треба да останат интерни. Можам да ја разберам лутината на фановите, но тие гледаат однадвор, јас сум тој кој е внатре и можам да ви кажам дека тие суми кои се споменуваат не се воопшто точни. Можам само да кажам дека сум многу среќен тука и дека Баерн секогаш бил моја прва опција“.

„Навистина уживам играјќи за Баерн Минхен и не сум загрижен за мојата иднина. Не сум размислувал за други опции. Не сум бил во контакт со други клубови“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани