Коронавирусот му создава главоболка и на Тен Хаг, Ајакс ќе треба да ја брка првата победа во Лигата на шампиони против Митјиланд со само 17 фудбалери.
Медиумите од Холандија пишуваат дека во првиот тим на Ајакс и во резервниот има дури 11 случаи на ковид-19. За гостувањето во Данска, популарните „копјанци“ ќе бидат без услугите на Душан Тадиќ, Дави Класен, Рајан Гравенберх, Андре Онана и Мартин Стекеленбург.
Во составот има само еден голман, третата опција Кјел Шерпен, па доколку тој се повреди, некој фудбалер ќе треба да застане помеѓу стативите.
Во таборот на Ајакс се надеваат дека Андре Онана утре ќе добие негативен тест, па ќе може да помогне.
Only 17 players will travel to Denmark for the @ChampionsLeague game vs @fcmidtjylland#UCL #midaja
— AFC Ajax (@AFCAjax) November 2, 2020