Изминатиов викенд, Кике Сетиен откри дека тешко е да се работи со Лео Меси, а медиумите од Кталонија сега пренесуваат за расправија помеѓу двајцата.
Новинарот Адрија Албетс од Сер Каталуња извести за инцидент кој се случил во соблекувалната на „Балаидос“ по ремито од 2-2 против Селта Виго, резултат кој му отвори врата на Реал Мадрид кон првото место на табелата и титула во Ла Лига.
Кике Сетиен ги критикувал играчите и објаснувал каде погрешиле, ова не му се допаднало на Лео Меси кој побарал од стратегот да покаже поголемо почитување со оглед на тоа дека тие фудбалери имаат освоено се и можат да се пофалат со многу поголем успех од него.
Па тренерот решил жестоко да врати и му порачал на Аргентинецот: „Ако не ти се допаѓа што кажувам, знаше каде е вратата!“.
Според Адрија Албетс, Лео Меси само се насмевнал на ваквото предупредување.