Велшанецот
минатата сезона не играше многу во Реал Мадрид, во последните мечеви дури и се
глупираше на трибините, па „кралевите“ му дозволија да се врати во Тотнем на
позајмица.
Герет Бејл синоќа
го постигна својот прв гол во дресот на „спарси“ и донесе победа од 2-1 против
Брајтон, па Жозе Мурињо не можеше да одолее и мораше да упати провокација.
„Мило ми е што
постигна гол, Бејл го заслужи ова. Кога ќе имам 5 минути време ќе отворам Сафари
и ќе ја ѕирнам веб страната на Реал Мадрид да видам што пишале“ – вели Португалецот.
„Претходно не се
чувствуваше баш најдобро, програмата која му ја одредивме на тренинзите беше
тешка, телото му се мачеше малку, но мораше да помине низ овој процес и му
дадовме се што му е потребно. Мислам на спортска наука, медицина, моја помош, помош
од другите играчи па среќен сум што токму тој донесе победа“.