Преговорите
помеѓу Баерн Минхен и Давид Алаба за продолжување на соработката завршија
неуспешно. Претседателот на „баварците“ откри дека му дале рок на дефанзивецот
да се произнесе до крајот на октомври, одговорот бил дека понудената плата не е
доволна па шампионот на Германија решил да се повлече од разговорите.
„Му презентиравме
навистина добро, многу фер и конкуретна понуда, особено во овие времиња. На
последниот состанок, го известивме агентот на Давид Алаба дека сакаме ситуацијата
да биде решена до крајот на октомври. да знаме какви планови да кроиме, па мора до тогаш да одговорат. Не
слушнавме ништо од нив, па нашиот спортски директор, Хасан Салихамиџиќ стапи во
контакт со агентот, кој ни одговори дека понудата и понатаму не ги задоволува
нивните барања и дека треба да стокмиме нов предлог“ – вели Херберг Хаинер.
„Па решивме да се
повлечеме од преговорите, повеќе нема понуда на маса“.
Со ваквиот потег,
Баерн Минхен покажува дека клубот е поважен од секој индивидуалец и дека нема
да дозволат да бидат уценувани. Од друга страна, клубот ризикува за малку пари
или за беспари да остане без квалитетен играч, и плус да треба да потроши неколку
десетици милиони евра за ангажман на нов дефанзивец.
Давид Алаба важи
за еден од подобрите дефанзивци во Европа, предност му е што може да игра на
неколку позиции, веќе во јануари може да постигне пред-договор со друг клуб и сигурно репрезентативецот на Австрија ќе има еден куп
понуди.