129
Мусовски кој неодамна го прифати повикот од селекторот Игор Ангеловски да игра за македонската репрезентација, блескаше и на дербито на Лос Анџелес.
Тој го отвори резултатот со прекрасен финиш во 58. минута од натпреварот, а главната ѕвезда на тимот, Карлос Вела ги постави конечните 2-0.
„Да дадеш гол во дерби натпревар е нешто големо, а уште повеќе ако тој донесе победа, едноставно чувството е преубаво“, изјави Мисовски по мечот.