Елиф Елмас од
следната недела одново ќе му се стави на располагање на Џенаро Гатузо.
Македонецот на 3. октомври беше позитивен на ковид-19, немаше симптоми, но
долго чекаше на негативен резултат.
Од таборот на
Наполи попладнево конечно ги соопштија добрите вести, Елиф Елмас ја добил
битката со коронавирусот, исто како и неговиот соиграч Пјотр Зелински.
Поради ковид-19,
Елиф Елмас не можеше да и помогне на Македонија на дуелот со Косово во
полуфиналето од баражот, но сега ќе биде во комбинација за пресметката со
Грузија и историскиот меч за пласман на Европско првенство.
| Elmas e Zielinski negativi al Covid-19!
#ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/ShquuUxuKa
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) October 24, 2020