Македонија напредуваше една позиција на најновото рангирање на ФИФА

by
1 минути читање

Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација напредуваше една позиција на најновото
рангирање на ФИФА, па така, од 66. место, сега нашиот национален фудбалски
состав се наоѓа на 65. место.

Напредокот од
една позиција доаѓа по победата над Косово со 2-1 во полуфиналниот бараж за
пласман на Европското првенство идната година и „закаженото“ финале за
испишување историја против Грузија идниот месец.

Од останатите
одиграни натпревари, избраниците на Игор Ангеловски запишаа две ремија, и тоа
против Естонија на гости со 3-3, односно Грузија дома со 1-1, и двата меча во
рамките на Лигата на нации.

Во топ петте селекции во рангирањето, на првото место е Белгија, по неа следат Франција, Бразил, Англија
и Португалија.

 

Фото-вест:
ffm.mk (архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани