Куп, осминафинале: Академија Пандев во обид да го скрши мразот против Вардар

by
1 минути читање

Академија Пандев –
Вардар, ова е дуелот кој може да се нарече како дерби во осминафиналната рунда
натпревари во националниот куп кој ланската сезона беше прекинат поради
пандемијата со коронавирусот, а воедно не доби ниту продолжение до крајот.

Како и да е,
актуелен освојувач и натаму е Академија Пандев, а Струмичани сигурно не можат
да се пофалат со добри резултати од „историјатот“ на одиграни натпревари со „Црвено-црните“,
со кои имаат одиграно 11 натпревари досега, во кои Вардар запиша седум победи,
а четири меча завршија нерешено, со тоа што Струмичани досега немаат победа.

                                                           

Ова се сите
осминафинални двојки во националниот куп кои денеска стартуваат со почеток од
14,30 часот
:

Академија Пандев –
Вардар

Струга Трим Љум –
Работнички

Ренова – Пелистер

Македонија Ѓ.П. –
Каменица Саса

Брегалница –
Беласица

Кожув – Силекс

Шкендија –
Гостивар

Шкупи – Кит Го
Пехчево

Можно е и ова да ти се допаѓа

×