80
Андреа Пирло со победа тргна во Лигата на шампиони, вечерва Јувентус славеше на гостувањето кај Динамо Киев. Херој на мечот беше Алваро Мората, Шпанецот постигна два гола.
На стартот од вториот дел, напаѓачот се најде на право место во право време и една одбрана на голманот Бушчан ја смести во мрежата.
На пет минути до крајот, Квадрадо испрати остра топка а Мората погоди со глава за 0-2.
На вториот денешен натпревар од 18:55 часот, Клуб Бриж во 93. минута стигна до триумф од 1-2 на гостувањето кај Зенит.