Венгер тврди дека критиките во финалните денови во Арсенал биле брутални и неоправдани

by
1 минути читање

Арсен Венгер
донесе три титули за Арсенал во Премиерлигата во долгиот период од 22 години
менаџирајќи го составот на „Топчиите“, вклучувајќи ја воедно и титулата во
сезоната 2003/04 каде неговиот тим беше несовладлив, дополнително го предводеше
Арсенал во рекордни седум титули во ФА Купот.

Како и да е,
успехот со трофеите спласна, особено откако „Топчиите“ се преселија од
легендарната арена „Хајбери“ на „Емирејтс“ во 2006. година, па следеа бурни
реакции на навивачите кои бараа промена на клупата на тимот од Лондон, за кои
Венгер смета дека биле брутални, но и неоправдани.

Постоеше
непријателски гест од страна на секцијата на навивачите, како и раководството,
тоа беше неоправдано, на себе почувствував дека треба сам да го изградам
тренинг центарот и стадионот, дел по дел, тоа беше навистина тешко за мене,
многу брутално
“ вели Венгер за „Гардијан“.

Арсенал за мене
значеше начин на живот или смрт, без тоа чувство јас бев како осамена особа,
тоа беа навистина болни моменти за мене
“ додава Французинот кој не крие дека
тешко ја поднел разделбата со клубот, барем според начинот на кој дојде до тоа
на крајот од сезоната 2017/18.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани