Сон – Кејн,
веројатно нема подобар офанзивен тандем во Премиерлигата во моментов, откако
Кореецот во пет меча успеа да постигне седум погодоци, а притоа да запише уште
две асистенции, капитенот Кејн пак запиша пет погодоци и седум асистенции, а
оваа статистика доволно говори.
Како што
известуваат на Островот, Тотнем сега си постави еден приоритет во периодот кој
претстои, а тоа е да го договори Сон да потпише нов договор со клубот со што би
се решиле сите дилеми околу неговата иднина, ако воопшто постоеше такво нешто.
Офанзивецот
моментално има неделна плата од 150,000 фунти, меѓутоа очекувањата се Кореецот
да добие значително зголемување на својата плата во новиот договор кој се
најавува од тамошните медиуми.
Кога сме веќе кај
Тотнем, ќе се решава и прашањето со Серж Орие, како и Ерик Ламела, чии договори
истекуваат на крајот од актуелната година.