Мурињо почнаа да го прашуваат за Бејл, а Португалецот ги прекина во свој стил

by
1 минути читање

Луд натпревар во
градското дерби во Лондон, каде Тотнем и Вест Хем одиграа реми со резултат 3-3,
а домаќините во само 16 минути игра имаа водство од 3-0, а уште во таа фаза од
мечот се чинеше дека се
е
готово.

Како и да е,
почнувајќи од 82. минута, па се
до последниот судиски свиреж со спектакуларниот гол на Ланзини, Вест Хем
приреди шок за домаќините, каде минути за настап доби и Герет Бејл, а токму
влегувањето во игра на Велшанецот беше за момент и клучна тема за дискусија по
мечот.

Новинар на „НБЦ
Спортс“ почна да го прашува Мурињо за Бејл, но за кратко беше прекинат од
страна на португалскиот фудбалски стратег кој сигурно е разочаран од резултатот
против „Чеканите“.

Пред натпреварот
вие сакавте да зборуваме за Герет Бејл, по натпреваров вие сакате да зборуваме
за Герет Бејл, се работи за натпреварот помеѓу Тотнем и Вест Хем
“ му одговори
Мурињо кој потоа доби и одговор на оваа реакција.

Доколку го
играте Герет Бејл, луѓето ќе се распрашуваат за Герет Бејл
“, по што Мурињо доби
и прашање да го коментира финалниот резултат од мечот, на што одговори „Фудбал…
се случи фудбал
“.

Да примите три
гола е голема казна, како и заслужено
“ додаде Мурињо во својот коментар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани