По победата над
Косово во плеј-офот за настап на Европското првенство, Македонија денеска
играше против Естонија во третото коло од Лигата Ц во Лигата на нации. „Црвено-жолтите“
важеа за фаворит, но се спасуваа од пораз во Талин. Со два гола во финишот од
мечот, избраниците на Игор Ангеловски стигнаа до реми од 3-3.
„Разочаран сум од
бодот. Со нашиот квалитет моравме да победиме, но честитки до Естонија која
погоди три пати. Ние имавме шанса кога се вративме на 3-3, но заврши
натпреварот. Играчите беа дел од натреварот со Косово, сакав да им дадам
можност, со цел да одморам дел од главните играчи во тимот. Мечот со Косово
беше многу важен, па затоа им дадов шанса на останатите играчи. Мое е да им
понудам игра, а нивно е дали ќе ја искористат“ – вели селекторот на Македонија.
„Натпреварот
имаше убав ритам со шесте голови. Жал ми е што примивме три гола, промашивме
пенал, двата тима играа одлично, а особено Македонија во финишот од средбата.
Задоволен сум од последните 30 минути од натпреварот, успеавме да избегмене
пораз, ама јас не сум задоволен. Со оглед на резултатот на Грузија и Ерменија,
ќе бевме многу поблизу до првото место во групата. Сепак, има уште три
натпревари до крајот и ќе дадеме се од себе да стигнеме до првото место“.