Сејдини до фудбалерите: Ја вративте надежта и радоста во секое наше семејство

by
2 минути читање

Сениорите славеа
во дуелот против Косово со 2-1 на домашен терен во рамките на полуфиналниот
бараж за пласман на Европското првенство идната година, а сега ни преостанува
уште победа на дуелот против Грузија за испишување нови страници во нашиот
репрезентативен фудбал.

Од друга страна,
националниот состав за фудбалери до 21 година славеше против Казахстан во
квалификациите за Европското првенство, па претседателот на Фудбалската
федерација на Македонија видно среќен поради двојниот успех на нашите селекции
упати писмо до фудбалерите, во кои ја искажува радоста, а ние истото ви го објавуваме
по интегрален пат.

Би сакал да ги пренесам моите искрени и длабоки честитки до
сите Вас, фудбалерите, стручниот штаб и сите оние кои дадоа придонес за
големиот резултат и можноста македонската репрезентација да настапи во финалето
од Лига на нации за пласман на Европското првенство, како и за победата на
македонската репрезентација до 21 година од квалификациите за младинското
Европско првенство
.

Нашата најдобра репрезентација покажа извонреден квалитет и
пласманот во финалето од Лига на нации е доказ за добрата работа и талентот на
оваа генерација.

Со својот напор и пожртвуваност, со заедништвото и вербата
во себе на целата држава им ја донесовте најголемата вредност: Ја вративте
надежта и радоста во секое наше семејство.

Вие сте нашата најуспешна генерација и бидете горди на
начинот на кој ја промовирате нашата земја и нашиот фудбал.

Триумфот и пласманот во финалето е доказ дека и мала држава
како Македонија може да дојде на чекор до историски резултат и затоа сите
заедно треба да продолжиме кон истата цел и да покажеме дека соништата можат да
станат стварност со многу труд и посветеност
стои во писмото на Сејдини објавено на официјалниот сајт на ФФМ.

 

Фото-вест: ffm.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани