70
Со исклучок на грешката која ја направи за примениот гол, Дарко Велковски одигра одличен натпревар, го постигна и победничкиот гол за нашата репрезентација.
„Ова беше тежок меч, Косово тргна доста офанзивно. Го дадовме тој прво гол, потоа се случи таа грешка помеѓу мене и Столе, тука 200 работи ми се вртеа во глава, единствена шанса за Европско, прв пат сме во ваква позиција во 30 години, што ако јас зафрканм, но после кога го дадов голот, не можам да го опишам тоа чувство, ми падна камен од срце, ми олесни многу. До крајот имавме шанси, одигравме одлично, не дадовме уште еден гол, но издржавме машки. Но работата не е ни блиску завршена, ни останува Грузија, меч за кој сите живееме“, изјави Дарко Велковски.