Во четврток на
националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, нашата најдобра фудбалска
репрезентација ќе ги одмери силите со Косово во рамките на полуфиналниот бараж
за пласман на Европското првенство идната година.
Историски меч за
обете селекции, меѓутоа ако нашата најпрво се соочи со голем шок поради
позитивниот тест на Елиф Елмас за коронавирус, во таборот на противникот се
соочија со многу поголеми проблеми откако од комбинација за настап отпаднаа
неколку клучни играчи.
Косово остана
најпрво без напаѓачот на Лацио, Ведат Муричи, кој на 23 настапи има
постигнато 8 погодоци за својата селекција, а претходно од комбинација за
настап со нашата селекција отпадна и првата ѕвезда Милот Рашица, фудбалерот на
Вердер кој е главна „алка“ во организирањето на завршните напади на оваа
селекција, а сега пристигна нова лоша вест за нашиот противник.
Како што и
потврдија од куќата на фудбалот на Косово, за мечот во Скопје нема да има
можност за настап ниту соиграчот на нашиот Елиф Елмас од Наполи, Амир Рахмани,
кој исто како и Елмас е позитивен на тестирањето за коронавирус.