Крај на сите
дилеми, Косовo без Ведат Муричи ќе игра против Македонија во баражот за настап
на Европското првенство. Денеска имаше многу шпекулации на оваа тема, најпрво се
говореше дека напаѓачот нема да се појави во Скопје, а потоа се пишуваше дека
добил зелено светло за настап.
Сепак, Фудбалската
федерација на Косово попладнево излезе со соопштение и пренесе дека Ведат
Муричи нема да биде во комбинација.
Од ФФК
пренесуваат дека тие направиле голем напор, самиот играч има огромна желба,
Лацио бил подготвен да им излезе во пресрет (клубот од Рим на својата веб
страна објави дека фудбалерот ќе биде дел од собирот на Косово) но последните
тестови извршени попладнево покажале дека Ведат Муричи не е целосно фит и не
може да игра.