Муричи не доаѓа во Скопје, Косово ќе биде без својот најдобар играч?

by
1 минути читање

Лацио не сака да го пушти Ведат Муричи за дуелот со Македонија, во летниот преоден рок тие за него му платија на Фенербахче 18 милиони долари па не сакаат со повреда да го пратат во Скопје.

Косовците се уште се надеваат дека во последен момент може да има промена и Муричи да го игра важниот меч против Македонија, денеска фудбалерот ќе има нови тестови, но новинарот Арлинд Садику не е голем оптимист дека Лацио ќе даде зелено светло.

Муричи претходно беше позитивен и на ковид-19, но успеа навреме да го победи вирусот, сепак се уште не е 100 проценти фит, а таков Лацио не го пушта да игра.

Косово има проблеми и со други играчи, ѕвездата Рашица кој синоќа направи трансфер од Вердер во Баер Леверкузен не е на списокот, а поради повреди отпднаа и Идриз Воца и Хекуран Криезиу.

За разлика од Косово, Игор Ангеловски нема да може да смета само на Елиф Елмас кој е позитивен на ковид-19.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани