70
Вардар може да жали што не си оди со целиот плен од Битола откако имаше предност до 94. минута од натпреварот.
Шампионот поведе во 32. минута со гол на поранешниот играч на Пелистер, Цветановски кој погоди по една убава еден – два акција со Мицевски.
Кога се очекуваше дека Вардар ќе дојде до победата, несреќниот Чарлстон го лобуваше својот голман со глава, си постигна автогол и му донесе бод на Пелситер.
По осум кола Вардар е осми со 11 бода колку што имаат и Силекс, Работнички и Струга ТЛ, Пелистер има бод помалку.