62
Средени се сите формалности, Пакета потпиша договор со Лион, тој е играч на францускиот клуб.
„Важно е за нас да носиме големи засилувања како што е Лукас. Сакаме да изградиме силен тим и овој трансфер е важен сигнал за клубот. Среќни сме што Пакета е со нас“, изјави претседателот на Лион, Жан Мишел Ола.
23-годишниот играч во Милан пристигна од Фламенго во јануари 2019 за 38 милиони евра плус бонуси, но никогаш не ги исполни очекувањата.
Милан го продаде за речиси двојна помала сума од таа што го купи, но треба да добие и дополнителна сума, процент од неговата следна продажба.