Мурињо доби нов напаѓач, конечно ќе има замена за Кејн

by
1 минути читање

Мурињо немаше замена за Хари Кејн, тоа беше единствената позиција во тимот каде што нема втора опција, но пред крајот на преодниот рок и тој проблем ќе му биде решен.

Тотнем и Бенфика постигнале договор за напаѓачот Карлос Винисиус.

Тој оваа сезона ќе игра на позајмица во Тотнем, со опција комплетно да биде откупен за 45 милиони евра.

Тотнем се интересираше и за Милик, но не се договорија со Наполи.

25-годишниот Винисиус е бразилски напаѓач кој во Европа го донесе Наполи во 2018 година, но тој нема меч за италијанскиот тим, беше пратен на позајмици во Рио Аве и Монако по што во 2019 беше откупен од Бенфика.

За Бенфика на 47 натпревари има постигнато 24 голови од кои 18 во португалското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×