Интер му даде пет гола на Беневенто, Лукаку погоди во 28. секунда од мечот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Денеска во Серија А се играат трите натпревари од првото коло кои не се одиграа во предвидениот термин, Интер со 5-2 победи на гостувањето кај Беневенто.

Тимот на Конте даде пет гола а имаше шанси да даде најмалку уште толку, но играчите на Интер се изнапромашуваа.

Натпреварот почна спектакуларно со гол на Лукаку во 28. секунда од натпреварот.

Гааљардини погоди во 25. минута, а три минути подоцна со својот втор гол Лукаку донесе предност за Интер од 3-0.

Во 34. минута Капари ја врати надежта за Беневенто, но Ашраф Хакими со својот деби гол за Интер пред крајот на првиот дел даде гол и ја врати разликата од три голови.

Лаутаро Мартинез во 71. минута, шест минути откако влезе во игра погоди за 5-1. До крајот на мечот Капари со својот втор гол ги постави конечните 5-2.

Специја го изненади Удинезе победувајќи го на негов терен со 2-0. Несторовски во игра влезе во 64. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани