107
Добри вести за македонската репрезентација, помина втората рунда тестирање во Џенова, а нема нови заразени, тоа значи дека Горан Пандев ќе може да настапи за Македонија на важниот дуел против Косово.
Џенова потврди дека нема нови позитивни, бројката останува 14 заразени.
Тие го чекаат одговорот од Серија А дали нивниот дуел против Торино кој треба да се игра престојниот викенд ќе биде одложен.
Вчера биле тестирани и директорите и вработените во клубот, сите тестови биле негативни.