62
Ваљадолид е во потрага по десен бек, а според дел од шпанските медиуми една од целите е Стефан Ристовски.
Македонскиот фудбалер тренира сам, тој е одвоен од тимот по барање на тренерот Алмирон кој влезе во војна со Ристовски откако го изостави за претходните мечеви со изговор дека не се залагал на тренинзите.
Преодниот рок трае до понеделник, па во наредните неколку дена ќе се знае дали Ристовски ќе заигра во Примера.