166
Тимот на Славен Билиќ поведе уште во четвртата минута со гол на Робинсон по асистенција од Переира.
Во 25. минута катастрофална грешка на Тиаго Силва која ја искористи Робинсон и со својот втор гол донесе водство за ВБА од 2-0.
Само две минути подоцна веќе беше 3-0, Бартли беше стрелец на погодкот.
По девет минути игра во второто полувреме Маунт постигна гол и го врати Челси во живот.
Во 70. минута по една убава акција, Хадсон Одои постигна гол по асистенција на Хаверц.
Течеше третата минута од судиското продолжение кога Абрахам постигна гол за конечни 3-3.