Солшер се мајтапи: Добро е што Мурињо не беше тука да ги мери головите, ќе имавме проблеми!

by
1 минути читање

По победата на Тотнем над Шкендија во Лига Европа, Жозе Мурињо изјави дека головите на арената „Тодор Проески“ биле 5 цм пониски, па реагирале кај делгатот од УЕФА и биле донесени нови голови.

Жозе Мурињо потоа на Инстаграм објави слики како тој ги мери головите во Скопје, па веста брзо се прошири низ сите медиуми од Европа, па и пошироко.

Токму ова беше причина Оле Гунар Солшер да тера мајтап по тешко издвојуваната победа на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Брајтон.

Домаќините во пет навради ја погодија рамката од голот, па Норвежанецот рече: „Среќа Жозе не беше тука да ги измери головите, во спротивно ќе имавме многу проблеми“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани