Во отсуство на
Златан Ибрахимовиќ, кој денеска дозна дека е заразен со ковид-19, Хакан
Чалханоглу се наметна кај „росонерите“ и го предводеше Милан до триумф од 3-2 над
Бодо/Глимт и пласман во плеј-офот од Лига Европа.
Гостите поведоа
во 15. минута, по една убава акција, Јункер го совлада Донарума за 0-1. Сепак
во следниот напад, домаќините изендачија. Чалханоглу прекрасно погоди од врвот
на шеснаесетникот за 1-1.
Во 32. минута,
Чалханоглу мајсторски со пета ја протна топката на подалечната статива каде
осамениот Коломбо ја затресе мреата на гостите за 2-1.
На стартот од
вториот дел, Кастиљехо изведе корнер од десната страна а Чалханоглу со волеј во
долниот агол зголеми на 3-1.
Пет минути подоцна,
Хауге испрати проектил од далечина и намали на 3-2 но тоа беше се што сторија
гостите.