392
„Златан Ибрахимовиќ е тестиран позитивно на ковид-19 во втората рунда на тестови пред вечерашниот меч против Бодо/Глимт. Клубот ги информираше релевантните авторитети и фудбалерот веднаш е ставен во домашен карантин. Сите други членови на тимот и персоналот се негативни“, стои во соопштението на Милан.
Ибрахимовиќ имаше одличен старт на сезоната, со негови два гола Милан ја победи Болоња.
Покрај на денешниот меч, се очекува тој да ги пропушти и натпреварите против Кротоне и Специја, но ќе биде подготвен за големото дерби против Интер кое е на програмата на 17. октомври, веднаш по репрезентативната пауза.