По вчерашниот меч Микел Артета беше запрашан зошто Озил не беше во тимот, а тој рече дека ги селектира фудбалерите кои според него се во подобра кондиција.
Озил влегува во последната година од неговиот договор со Арсенал за кој нема одиграно натпревар уште од март.
Клубот сака да го продаде, но проблем е големата плата која ја добива Озил во Арсенал, нема клуб кој сака да ја изедначи, а германскиот фудбалер не сака да си замине доколку не ги добие истите услови од некој.
Но без разлика дали ќе остане или ќе биде продаден, Озил можеби веќе го одигра последниот натпревар за Арсенал бидејќи е јасно дека не е во плановите на Артета.
Слична е ситуацијата и на Гендузи, нему му пресуди арогантното однесување кон играчите на Брајтон. Тој ги навредуваше и ги омаловажуваше на теренот, а Артета не му го прости тоа. Ототгаш не е во тимот.
Договорот на Гендузи со Арсенал трае до 2022 година, клубот сака да го продаде и тие пари да ги искористи за ангажман на нов играч.