Мурињо се сликаше со македонскиот новинар, а Тотнем се пофали и на социјалните мрежи со гестот на Португалецот (ФОТО)

by
1 минути читање

На вчерашната прес-конференција на Тотнем, македонскиот новинар од „ТВ Сонце“, Игор Александровиќ побара да се слика со Жозе Мурињо бидејќи неговиот починат татко бил голем фан на Португалецот.

Мурињо му вети дека ќе му ја исполни желбата кога ќе пристигне во Скопје и тоа се случи.

Игор Александровиќ ја доби фотографијата со Жозе Мурињо, а Тотнем со гестот на Португалецот се пофали и на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани