79
Жозе Мурињо ова лето пазарува од своите поранешни клубови, откако во Тотнем дојдоа Регилон и Бејл од Реал Мадрид, следна мета е Милан Шкрињар од Интер.
Спортскиот директор на Тотнем, Стив Хичен денеска во Милано ќе се сретне со агентот на Шкрињар.
„Скај Спорт Италија“ тврди дека Тотнем е во преговори со Интер за трансфер на Словакот.
Интер бара 60 милиони евра, а Тотнем е подготвен да понуди 50 милиони евра плус бонуси.
Интер се надева дека брзо ќе биде завршена зделката со цел дел од парите да инвестира во ангажман на Никола Миленковиќ од Фиорентина.