Во последниот
натпревар од второто коло во Премиерлигата, Манчестер Сити си замина со три
бода од „Молињу“. Вулверхемптон минатата сезона ги доби двете пресметки, но Пеп
Гвардиола очигледно ја научи лекцијата и не дозволи по трет пат во низа да биде
поразен од Нуно Еспирито Санто.
Резултатот беше
отворен во 20. минута, Де Брујне од пенал погоди за 0-1. Десетина минути
подоцна, Фоден зголеми на 0-2 по една одлична акција.
Хименез во 78. минута
намали на 1-2 со првиот удар во рамките од голот, но тоа беше се што сторија
домаќините.
Во последните
мигови од мечот, Жесус со помош на еден домашен играч успеа да ја затресе
мрежата на Патрисио и ги постави конечните 1-3.
Со овој триумф,
„граѓаните“ станаа првиот тим кој десет сезони по ред почнува со победа.