88
Милан победнички ја стартуваше сезоната, тимот на Пиоли доминираше на теренот против Болоња и заслужено запиша три бода.
Резултатот беше отворен во 35. минута кога по центаршут од Тео Хернандез, Златан Ибрахимовиќ беше највисок во скокот и погоди со глава за водство од 1-0.
По пет минути игра во второто полувреме беше досуден пенал за Милан кој го реализираше Ибра за 2-0 што беше и конечен резултат.
Ибрахимовиќ можеше да постигне и хет-трик но успеа да промаши празен гол откако го помина и голманот на Болоња.