278
Емилиано Мартинез
ланската сезона во целост ја искористи повредата на подолг рок на Бернд Лено во
Арсенал, па прикажа феноменални партии на голот на „Топчиите“, но, сосема
очекувано тоа ништо не промени во однос на прашањето кој ќе биде прв избор на
таа позиција.
Како и да е,
Мартинез се пресели во Астон Вила и уште на дебито одбрани пенал, откако во првото
полувреме од дуелот со Шефилд Јунајтед на домашен терен ја прочита намерата на
Џон Лундстрам.