Мејсон Маунт
упати јавна поддршка до својот соиграч, голманот Кепа Аризабалага кој веќе
подолг период се наоѓа во исклучително комплицирана ситуација каде никако не
успева да се пронајде себе си на голот на Челси.
Кепа имаше уште
еден меч каде се истакна со лоши перформанси, но, како и да е, Маунт сугестира
на тоа дека тој и останатите соиграчи ја имаат сета поддршка до својот соиграч,
а воедно и фактот што сите треба да преземат одговорност.
„Знаеме дека Кепа
е еден неверојатно добар голман, со искуство зад себе, тој треба да ја увиди
ситуацијата и да види каде треба да се подобри, но, ние сите сме со него“ рече
Маунт по поразот на Челси на домашен терен од шампионот во Премиерлигата,
Ливерпул со 0-2.
„Сите правиме
грешки, и јас правам грешки, ја губам топката, сепак, сосема е поинаква
ситуацијата кога говориме за дефанзивната линија, тие секогаш се на удар од
јавноста, но, како што кажав и претходно, сите му упатуваме поддршка, сега
треба да се посветиме на следните предизвици, а претходното да го оставиме зад
нас“ додаде фудбалерот од средниот ред на Челси.