123
Барселона и Луис
Суарез никако да се договорат за разделба, Уругваецот го одбил и последниот
предлог на „каталонците“.
Како што пишуваат
медиумите од Шпанија, Барса на Луис Суарез му понудила 7 милиони евра (половина
од платата за оваа сезона) како и одврзани раце да си најде нов клуб.
Сепак, напаѓачот
експресно кажал НЕ и бара во целост да му биде исплатена последната година од
договорот, односно 14 милиони евра.
Раководството на
Барса смета дека понудата од 7 милиони евра е фер и правична, па стравуваат
дека Луис Суарез сака по секоја цена да остане и затоа го одбил нивниот
предлог.