„Ѓаволите“ се
изненаден на отварањето на новата сезона од Премиерлигата, вечерва загубија
дома од Кристал Палас со 1-3. Гостите рано најавија дека ќе му создадат многу
главоболки на Оле Гунар Солшер и поведоа во 7. минута. Таусенд беше најбрз на
подалечната статива и додавањето на Шлуп го претвори во водство од 0-1.
Во 72. Минута беше
покажано на белата точка со помош на ВАР поради играње со рака на Линделоф, Ају
биеше но Де Хеа одбрани. Сепак, судијата нареди пеналот одново да се изведе
бидејќи голманот не газел на линијата. Заха ја превзеде одговорноста и погоди
за 0-2.
Пет минути подоцна,
Дони ван де Бек искористи една неспредност на гостинските дефанзивци за свјот
деби гол во Премиерлигата и ја врати надежта кај домаќините.
Сепак, во 85. минута,
Заха доби премногу простор од Линделоф и по втор пат погоди за 1-3, па Кристал
Палас втора година по ред си замина од Олд Трафорд со три бода.