Македонија со
победа од 2-1 над Ерменија го отвори новиот циклус во Лигата на Нации.
„Црвено-жолтите“ можеа да одиграат подобро, особено во вториот дел, но Игор
Ангеловски нема замерки за своите избраници и вели дека најважно е тоа што се
освоени три бода.
„Најважно беше да
го добиеме натпреварот, им честитам на моите фудбалери, игравме во едни ненормални
услови. Знаете колку беше топло надвор, а на теренот беше уште потополо. Исто
така, фудбалерите не се во форма, па нормално е да има осцилации. Затоа немам
никакви замерки за играчите. Имам замерки за тие што одлучија да играме од 15
часот, па ушти и ни ги скратија замените од пет на три. Затоа не сакавме да
форсираме со 200% во вториот дел. Покажавме и еден нов квалитет, да одиграме на
резултат“ – вели Игор Ангеловски.
Капитенот Горан
Пандев мечот го почна од клупата за резерви, но ќе биде стартер против Грузија.
„Пандев не играше
зошто имаше само четири тренинзи, па се договоривме да добие само 30 минути, но
со Грузија ќе биде стартер“.