Милевски: Горд сум на моите фудбалери

by
1 минути читање

Малку фалеше Македонија да остане непоразена против Шпанија, нашите надежи беа рамноправен противник во текот на целиот меч, за жал во финишот примивме гол од пенал, а потоа не реализиравме од белата точка и загубивме со 1-0.

„Кога ќе ги собереме сите впечатоци, горд сум на овие момци кои покажаа како треба да се игра против една Шпанија. Сите треба да бидеме горди, затоа што овој тим покажа дека има потенцијал и квалитет да напредува и да биде конкурентен во европски рамки. Кажав и претходно, тоа е мојата филозофија, нашата примарна работа е да селектираме и да создаваме репрезентативци кои ќе имаат потенцијал да напредуваат во иднина и да бидат дел од А селекцијата. Поголем дел од играчите покажаа дека на нив може да се смета во иднина“, вели селекторот Благоја Милевски.

„Во нашата група е отворено до крај. Шпанија и пред овие квалификации беше фаворит, и со освоените бодови тоа го покажа. Тие се составени од фудбалери кои се стандардни во шпанските клубови, па нема што друго да кажам освен секоја чест за нашите момци“.


Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

×