Без победник на дербито меѓу Работнички и Вардар

by
1 минути читање

Вардарци кои пред почетокот на натпреварот го кренаа шампионскиот пехар за ланската сезона, дојдоа до реми против Работнички кој беше фаворит во овој меч поради актуелната ситуација кај соседот.

Но и со овој состав Вардар одлично се носеше со Работнички. Во 59. минута поведе со прекрасен гол на Дарко Мицевски по една убава асистенција од Петковски.

Работнички израмни на 15 минути до крајот кога Лука Станковски се најде на вистинското место и реализираше за конечни 1-1.

Академија Пандев во четвртото коло ги освои првите бодови оваа сезона откако со гол на Марио Крстовски во 83. минута дојде до победа на Струга Триум Лум.

Вториот струмички тим, Беласица на првите бодови ќе почека до некое друго коло, денеска загубија кај Македонија Ѓорче Петров со 2-1.

Македонија поведе уште во третата минута со гол на Емини, Коланоски изедначи две минути подоцна, но Боби Божиновски во 36. минута ја донесе победата од 2-1.

Утре Шкупи го пречекува Пелистер, а во понеделник играат Шкупи – Борец и Силекс – Ренова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×