Силекс го наполни Вардар во Скопје

by
1 минути читање

Силекс се врати на врвот во ПМФЛ откако со убедливи 4-0 победи на гостувањето кај Вардар.

Кратовскиот тим поведе уште во третата минута со гол на Драшковиќ. По седум минути игра во второто полувреме Ивановски зголеми на 2-0.

И покрај водството Силекс не престануваше да напаѓа, имаа и повеќе простор поради поотворената игра на Вардар.

Во 64. минута Ѓоргиев зголеми на 3-0, а на две минути до крајот на мечот, Спиркоски постигна гол за конечни 4-0 за Силекс.

Со гол на Ристевски во 81. минута, Струга Триум Лум го победи Борец со 1-0. Прв триумф оваа сезона за нив.

Немаше голови на дуелот меѓу Пелистер и Работнички.

По три одиграни кола Силекс е прв со седум бода, по толку имаат и Шкупи и Шкендија. Следуваат Ренова и Пелистер со по пет, по четири имаат Работнички, Борец и Струга Трим Лум. Македонија Ѓорче Петров и Вардар имаат по три бода, а без бодови се Академија Пандев и Беласица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×