284
Шкендија освои три бода од гостувањето во Ѓорче, па со вкупно седум се израмни на врвот на табелата со Шкупи.
Шкендија тешко дојде до трите бода, по старт на Атанаскоски врз Ес Сахал Абу Бакер, судијата покажа пенал на пет минути до крајот. Најстрогата казна ја реализираше Ибраими за победа од 1-0.
Академија Пандев го забележа и третиот пораз откако со 2-0 загуби на гостувањето кај Реновоа. Головите за домаќините беа дело на Селмани и Јашароски.
Синоќа Шкупи со 2-0 ја победи Беласица. По три кола двете струмички екипи се на дното без освоени бодови.
Утре се играат преостанатите три натпревари, Пелистер – Работнички, Струга ТЛ – Борец и Вардар – Силекс.