Шкупи прокнижи уште три бода откако со 2-0 славеше на гостувањето кај Беласица, струмичкиот тим го доживеа третиот пораз во третото коло од новата сезона.
Гостите доминираа во текот на целиот меч, Беласица се бранеше, и добро им одеше до пред крајот на мечот. Шкупи тешко создаваше шанси, имаше само една идеална во првиот дел која ја пропуштија.
И кога се чинеше дека мечот ќе заврши без голови, Дарбое Дембо прво со одличен удар ја погоди пречката од голот на Беласица, а по одбиената топка се створи мешаница по која беше покажан пенал за Шкупи во 91. минута. Дембо го реализираше ударот од белата точка за водство на Шкупи од 1-0.
Беласица се отвори, тргна по израмнување иако немаше многу време до крајот, тоа го искористи Шкупи и по една контра Дарбое во 93. минута постигна уште еден гол за конечна победа од 2-0.
Ова беше петти гол за Дарбое Дембо во третото коло од ПМФЛ.
По три одиграни кола Шкупи собра седум бода, Беласица уште чека на првите бодови.
Фото: ФК Шкупи