Лигата на нации ќе се игра, натпреварите почнуваат без публика

by
1 минути читање

Во изминатите денови се појавија шпекулации дека УЕФА ќе ја откаже Лигата на нации поради ковид-19, но тоа не се случи. Европската куќа на фудбалот потврди дека натпреварувањето ќе се игра.

Новата сезона во Лигата на нации почнува во септември, на почетокот сигурно ќе се игра без публика, а во иднина тоа може да биде променето доколку во зависност од развојот на настаните со коронавирусот.

Еден од клучните проблеми е патувањето на селекциите, многу држави имаат воведено карантин за луѓето кои се враќаат од високо ризични земји, во моментов таква е и нашата.

Според актуелните мерки играчите не би можеле да фунционираат нормално доколку се вратат од натпревар во Македонија, тие ќе треба да поминат период на самоизолација.

Но, УЕФА се надева дека ќе се издејствува овие правила да не важат за фудбалерите. Тие ќе бидат постојано тестирани, а тоа ќе биде гаранција дека не можат да ја загрозат државата во која престојуваат.

Македонија во првото коло од Лигата Ц на 5 септември е домаќин на Ерменија, а три дена подоцна гостуваме кај Грузија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×