675
Волфсбург бара решение за десната бековска позиција и на нивната листа со желби се нашол токму Стефан Ристовски.
Германскиот клуб подготвил и понуда, се шпекулира дека тие нудат четири милиони евра. Засега нејасно е дали оваа понуда е прифатлива за Спортинг Лисабон или португалскиот клуб ќе бара повисока сума.