И фудбалерите на Вардар ги почнаа подготовките за новата сезона. Над македонскиот шампион владее голема неизвесност за иднината, но се чини дека и покрај се Ваоски ќе има солиден тим на располагање.
Засега во Вардар пристигнаа четири засилувања, се вратија искусните Дејан Блажевски и Филип Петковски, нов играч е Виктор Велковски, а од утре во стројот ќе биде и Бојан Најденов.
Од староседелците останаа Дарко Мицевски, Филип Најдовски, Матеј Цветановски, Фитор Реџепи, Филип Илиќ и Јован Попзлатанов. Другите играчи се од младинските категории на тимот.
Во текот на преодниот рок не се исклучува можноста уште некој од играчите да го напушти Вардар, но се очекува да дојдат и нови засилувања.
Самсоненко си замина од клубот со ветување дека долговите ќе ги исплати до 31. декември. Во меѓувреме додека се најде нов сопственик Вардар ќе направи финансиска конструкција со помош на ваучерите која нема да биде идеална, но ќе биде доволна за да не се дозволи крах на клубот.





Фото: ФК Вардар