На Роналдо не му се веруваше, фантастичен гол со глава на Несторовски против Јувентус (ВИДЕО)

by
0 минути читање

„Старата дама“ треба да победи во Удине доколку сака вечерва да стигне до ново Скудето, но во моментов Илија Несторовски им ги расипува плановите.

Откако во финишот на првиот дел Де Лихт донесе предност, Македонецот на стартот од вториот дел фантастично погоди со глава за 1-1. На едно додавање на Сема, напаѓачот извонредно реагираше, се фрли и биеше неодбранливо. Камерата веднаш во фокусот го покажа Кристијано Роналдо кој одмавнуваше со главата во неверица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×